Голем Концерт
Влатко Стефановски одбележува 40 години од почеток на кариерата
26.02.2014 11:19
Годинава се навршуваат 40 години од почетокот на кариерата на еден од најголемите македонски музички уметници, Влатко Стефановски.

На почетокот на оваа година Влатко Стефановски го издаде албумот Сеир, кој е 32-ри албум во неговата кариера.
По повод големиот јубилеј и промоција на новиот албум, на 28 март годинава ќе се одржи голем концерт на Влатко Стефановски во Скопје и тоа во Универзалната Сала. На него освен музичарите постојани соработници на Стефановски, ќе учествуваат и некои од најпознатите музички имиња од Македонија и од балканскиот регион, со кои Стефановски соработувал во изминатите години како што се Каролина Гочева, Раде Шербеџија, Бајага и Џибони.
