Средба

Втор тет-а-тет состанок Заев- Ципрас

17.05.2018 10:32

Софија, тет-а-тет средба на премиерите Заев и Ципрас. Македонија и Грција воздржани за можен конечен договор. Во Брисел оптимизам дека Скопје и Атина ќе постигнат договор во јуни.

Во Софија, на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан, во тек е тет-а-тет средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас. Иако деновиве се најавуваше како клучна во процесот на решавање на разликата за името, во последните изјави од македонската и од грчката страна, воздржаност дека токму оваа средба ќе вроди со конечен договор.

Премиерот Заев очекува потврда на досегашните успеси и, како што вели, ако не друго, да проговориме за начините за изнаоѓање решение. Од Брисел, пак, оптимизам дека Грција и Македонија ќе постигнат договор во јуни.

Инаку, на самитот ЕУ- Западен Балкан во фокусот евроинтегративните процеси на земјите од регионот. Шефицата на бугарската дипломатија Захариева се надева дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на Европската унија до 2025-та година.