Политика

Тереза Меј во посета на Македонија

17.05.2018 10:34

Се очекува да оствари средби со државно- политичкиот врв на земјава. Според најавите, Заев и Меј ќе одржат заедничка прес- конференција.

Британската премиерка Тереза Меј, попладне ќе допатува во Македонија. Се очекува да оствари средби со државно- политичкиот врв на земјава. Според најавите, Заев и Меј ќе одржат заедничка прес- конференција.

По 13 години, ова е прва посета на висок државник од Обединетото Кралство. Во 2005-та Тони Блер како британски премиер беше во македонија за време на бегалската криза на Косово.

На иницијатива на Меј, на 9-ти и 10-ти јули во лондон ќе се одржи самит со премиерите од земјите на Западен Балкан.