Почина гитаристот Пако де Лусија
26.02.2014 11:24
Еден од најголемите шпански гитаристи и музичари на 20 век Пако де Лусија почина денеска во Мексико -јавува Танјуг.

Беше синоним за фламенко гитара и еден од најоригиналните уметници во овој жанр. Де Лусија е првиот шпански гитарист кој доби почесна докторска титула на престижниот Беркли колеџ за музика во Бостон. Во многу децениската кариера остана верен на своите корени и ја пренесе славата на фламенко гитарата низ целиот свет. Љубопитноста го доведе до соработка со најпознатите музичари на денешнината, како што се пијанистот Чик Кореја, гитаристите Џон Меклафлин, Лери Коријел и Ал ди Меола, како и со пејачот Брајан Адамс со кого соработуваше за музиката во филмот ,, Дон Хуан де Марко“.
Соња Стојановска
