АРМ

Бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев- нов командант на Полкот за специјални операции

17.05.2018 12:36

Бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев е новиот командант на Полкот за специјални операции на АРМ. Досегашниот командант на специјалците, бригадниот генерал Орце Јордев со указ на претседателот Иванов е поставен за началник на Штабот во Здружената оперативна команда.

Полкот за специјални операции е веќе во НАТО, вака новиот командант на армиските специјалци бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев ги поздрави припадниците на специјалните единици на АРМ на примопредавањето на командата. Потврда за тоа се врвниот професионализам, обученоста и учеството во мировните операции.

„Да дадеме свежина, за да можеме да одговориме, како што и досега сме одговарале на серизоните закани од сајбер просторот, асиметричните закани и совтемените технологии“, изјаив бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, командант на Полкот за специјални операции.

„Да се биде на чело на добропознатите македонски Волци и Ренџери, кои поседуваат борбено искуство стекнато во разни мисии, како командант ми претставуваше огромна обврска да останам доследен во исполнувањето на вредностите од препознатливото мото- Повеќе од можното, кое го краси Полкот за специјални операции“, нагласи бригаден генерал Орце Јордев- поранешен командант на Полкот за специјални операции.

Со долгогодишнoто беспрекорно извршување на задачите, високите критериуми за обука, Волците и Ренџерите покажаа дека се елитата на македонската Армија и дека се најдобри амбасадори на Македонија за членство во НАТО, истакна министерката за одбрана.

„Ако постои еден стандарден израз, којшто секој од тие државници го употребува кога зборува за Македонија, тоа се изразите на благодарност и пофалби за учеството на припадниците на АРМ на вежби и мисии надвор од нејзините граници“, истакна Радмила Шекеринска, министер за одбрана.

Македонските специјалци остануваат на браникот на државата за одбрана од евентуални закани по нејзината безбедност, но и на нејзините граѓани.

 

Ирина Гелевска