Белгиски Ван Хол ќе ја прошири инвестицијата во Македонија

26.02.2014 11:31

Сопственичката на компанијата вели дека досега од Македонија за Америка испорачале 90 автобуси произведени токму во Бунарџик...

Белгиски Ван Хол најавува проширување на инвестицијата во Македонија. Сопственичката на компанијата вели дека досега од Македонија за Америка испорачале 90 автобуси произведени токму во Бунарџик. Во оваа фабрика работат 450 луѓе. Новите планови им се проширување и на европскиот пазар.

„Планираме да растеме, ни требаат нови луѓе, локални снабдувачи кои ќе не снабдуваат, изненадени сме од Mакедонија и од добрата соработка со Владата“, рече Бернадете Ван Хол, сопственичка на Ван Хол.

Токму за бизнис-климата во Мкедонија и за предностите штоим се нудат на инвеститорите ќе слушнат вечер германските бизнисмени. На форумот, организиран од Фајненшл тајмс, премиерот Груевски и владиниот економски тим ќе зборуваат за  условите за водење бизнис, поволниот даночен пакет и за проектите во енергетиката и инфраструктурата.

Во рамките на економската посета владиниот тим се сретна со потпреседателот на владата за регионот Вествалија Норберт Валтер- Борјанс.

Токму во  овој регион во Германија,Северна Рајна Вествалија работат 27% од сите странски инвестиции во светот, или 16 светски  најголеми компании од автомобилскиот бизнис.


Од Диселдорф за МРТ, Билјана Василева -Трендафилова