Виенски економски форум во Софија
Состанокот е веднаш по вчерашниот самит ЕУ- Западен Балкан. Најавено е дека на собирот ќе говорат домаќините- шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и премиери и високи функционери од земјите од Западен Балкан.

Во Софија се одржува Виенскиот економски форум на кој ќе учествуваат премиерите на земјите од Западен Балкан и претставници на економски институции, кои ќе разговараат за актуелни економски теми во регионот.
Состанокот е веднаш по вчерашниот самит ЕУ- Западен Балкан. Најавено е дека на собирот ќе говорат домаќините- шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и премиери и високи функционери од земјите од Западен Балкан.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев ќе учествува и ќе се обрати на Виенскиот економски форум. Анѓушев, кој од вчера е во Софија, учествува и на дел од активностите што се реализираат во рамки на Самитот ЕУ- Западен Балкан.
На форумот ќе се разговара за регионот на Западен Балкан- еалност и очекувања, кој ја презема одговорноста и улогата на инвестициите за раст и стабилност.
