Неизвесен откупот на македонската пченица
Неизвесен откупот на домашната пченица. Мелничарите велат дека нема да можат да го издржат притисокот од евтиното српско брашно. Во моментов брашното од оваа соседна земја се продава за 13, а македонските земјоделци сѐ уште несомеланата пченицата ја продаваат по безмалку иста цена, односно по 11 денари...

Мелничката индустрија нема да откупува пченица до претстојната жетва доколку заедно со Владата не најдат решение за неповолната состојба со конкуренција со ефтиното баршно од Србија.
Мелничарите бараат да останат во сила контролните маркички на брашно. Прво да се испита квалитетот па потоа да се пушти во трговијата.
Според мелничарите не ќе може да се врши откуп на пченицата заради тоа што засега влегува многу брашно од Србија.
Трговците прават големи залихи за понатаму, а тие не можат да обезбедат доволно пари за откуп и не можат да бидат конкурентни.
Во моментов килограм македонска пченицита што е заостаната од лани се продава по 11 денари, а српско брашно со сите извозни трошоци веќе може да се купи на пазарот по цена од околу 13 денари.
Годинава се очекува да има добар род од скоро 160.000 тони пченица, што ќе направи многу поголем притисок околу нејзината продажба и откупот.
Методија Трајков
