Собрание

Во Охрид почнува дијалогот „Жан Моне“

18.05.2018 11:58

Средбата ја иницираа европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучни теми на кои ќе се дискутира се Деловникот за работата на Собранието, етичкиот кодекс, буџетската независност...

Претставници на парламентарните партии во македонското Собрание денеска во Охрид ќе ги почнат разговорите во рамките на Дијалогот Жан Моне: Клучен принцип на консензус за обединет пристап кон евроатлантските интеграции за граѓаните на Република Македонија и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи.

Средбата ја иницираа европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучни теми на кои ќе се дискутира се Деловникот за работата на Собранието, етичкиот кодекс, буџетската независност на македонскиот законодавен дом, како и други прашања насочени кон јакнење на Собранието како институција со централна улога во реформската агенда за интеграција во ЕУ.