Заедничка вежба на специјалните сили на армиите на Македонија и на Бугарија
Демонстрацијата ќе се одржи на полигонот Логодаж, со што ќе заврши заедничката подготовка на специјалните сили на двете земји. Ќе бидат презентирани способности за дејствија по исполнување на мисиите за специјално разузнавање и неутрализирање на терористи.

Министрите за одбрана на Република Македонија и на Република Бугарија, Радмила Шеќеринска и Красимир Каракачанов, како и началникот на бугарската армија генерал Андреј Боцев, денеска ќе присуствуваат на Денот за демонстрација на способностите на специјалните сили на двете армии.
Демонстрацијата ќе се одржи на полигонот Логодаж, со што ќе заврши заедничката подготовка на специјалните сили на двете земји. Ќе бидат презентирани способности за дејствија по исполнување на мисиите за специјално разузнавање и неутрализирање на терористи.
Заедничката бугарско-македонска вежба на силите за специјалните операции која почна на 7-ми мај, а завршува денеска, се спроведуваше во реоните на градовите Пловдив и Благоевград.
