Врховниот суд во Атина треба да ја соопшти одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

18.05.2018 12:04

Откако Солунскиот суд на 5 јануари даде зелено светло за екстрадиција, Врховниот суд во Атина веќе одржа четири рочишта, а последното сослушување беше зад затворена врата на 27 април.

Грчкиот Врховен суд во Атина, денеска треба да ја соопшти одлуката по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Откако Солунскиот суд на 5 јануари даде зелено светло за екстрадиција, Врховниот суд во Атина веќе одржа четири рочишта, а последното сослушување беше зад затворена врата на 27 април.

За Грујевски и Бошкоски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. По соопштувањето на одлуката на Врховниот суд ќе се одредат и датумите за другите два процеса, кои се однесуваат за фалсификуваните патни исправи и за барањето азил.