ЗАГРЕБ

Хрватска нов претседавач со Советот на Европа

18.05.2018 12:07

Официјален Загреб се соочува со критики од најстарата организација во Европа за говор на омраза против Србите, претставниците на ЛГБТ заедницата и Ромите.

Хрватска го презема претседавањето со Советот на Европа, првпат откако стана негова членка пред 22 години. Официјален Загреб се соочува со критики од најстарата организација во Европа за говор на омраза против Србите, претставниците на ЛГБТ заедницата и Ромите.

Хрватска го презема претседателството од Данска, а по шест месеци ќе го отстапи на Финска. Во моментов Советот на Европа има 47 членки - сите земји во Европа со исклучок на Белорусија.