Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Со предложените измени на Законот за акцизите, опозицијата предлага намалување на акцизата на дизел горивото за 3 денари по литар, како и намалување на акцизата на гасното масло кое се користи како гориво за греење за 3 денари по литар.

Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница ќе ги разгледува предложените измени на Законот за царинска управа и на Законот за акцизите, во прво читање.
Со предложените измени на Законот за акцизите, опозицијата предлага намалување на акцизата на дизел горивото за 3 денари по литар, како и намалување на акцизата на гасното масло кое се користи како гориво за греење за 3 денари по литар.
Со овие измени на Законот за акцизите би се вратила старата цена на овие нафтени деривати- се вели во образложението на Предлог- законот.
