Отфрлен предлогот за стечај на „Производство на топлина Балкан Енерџи“
18.05.2018 12:26
Според судот биле достевни докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и дека банкарските сметки не ѝ се блокирани.

Основниот суд Скопје- 2 донесе решение за прекинување на постапката за отворање стечај на компанијата „Производство на топлина Балкан Енерџи“ од Скопје.
Според судот биле достевни докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и дека банкарските сметки не ѝ се блокирани.
Решението на судот е конечно и не предвидува можност за жалба на подносителите на предлогот за отворање стечајна постапка, соопшти Балкан Енерџи групата.
