МЕКСИКО
Уапсен шефот на мафијашката група „Ла Линеа“
18.05.2018 12:30
За него беше издадена потерница поради криминални активности во северната држава Чивава, а ФБИ го бараше поради трговија со дрога во САД.

Мексиканската полиција го уапси шефот на криминалната група „Ла Линеа“, Карлос Артуро Кинтана, познат по прекарот „Ел Очента“.
За него беше издадена потерница поради криминални активности во северната држава Чивава, а ФБИ го бараше поради трговија со дрога во САД.
„Ла Линеа“ е вооружен клон на картелот „Хуарес“ кој води војна со картелот „Синалоа“ за контрола врз локалната трговија со дрога.
