Грчкиот Врховен суд го одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Сепак, според грчките закони, последниот збор за нивната екстрадиција ја има грчкиот министер за правда кој може да ја преиначи одлуката на Врховниот суд.

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за нелегално прислушување- реши атинскиот Врховен суд. Според судот, немало услови во државава да се одржи фер судење.
Претходно, Судот во Солун реши спротивно од денешната одлука на Врховниот суд во Атина. Тамошниот суд пресече дека двајцата поранешни разузнавачи треба да бидат екстрадирани во Македонија, а постапката траеше неколку месеци поради немањето официјален превод од грчки на македонски.
Сепак, според грчките закони, последниот збор за нивната екстрадиција ја има грчкиот министер за правда кој може да ја преиначи одлуката на Врховниот суд.
Против Грујевски и Бошкоски во Грција се водат уште две постапки, едната за лажните бугарски пасоши со кои беа фатени на Солунскиот аеродром, и втората, за барањето политички азил кој го поднесоа поради страв дека во Македонија нема да има фер судење.
