Јанушев: Бараме итна и неодложна лидерска средба
ВМРО-ДПМНЕ смета дека шест дена се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите, и за Заев да ѝ објасни на јавноста што се случува со преговорите за името.

Во изминатите денови неколкупати јавно побаравме од премиерот Заев лидерска средба во врска со името и шест дена ВМРО-ДПМНЕ бара од оваа неодговорна влада лидерска средба- се вели во соопштението на опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека шест дена се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите, и за Заев да ѝ објасни на јавноста што се случува со преговорите за името.
Очигледно се работи за нешто сосема друго и владата се обидува нешто да скрие од јавноста, обвинува Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, она што можеше да се види во изминативе денови е нескриен отпимизам од грчката страна и тврдењата на Заев дека имало „некакви“ креативни решенија, без да соопшти за што станува збор- велат од опозициската партија.
