Легализација на марихуаната во Србија во медицински цели
Во Србија илјадници граѓани потпишаа петиции за легализација на марихуаната во медицински цели.Српската министерка за здравство Славица Ѓукиќ-Дејановиќ изјави дека легализацијата на марихуаната во медицински цели не значи легализација на дрога, туку можност експертите со веродостојни методи да одредат дали таа во некои околности кај одделни пациенти може да има својство на лек.
- Секоја супстанца може да биде и лек и отров. Експертите врз основа на прецизни методи утврдуваат што е лек, која доза може да му се даде на пациентот и кому смее да се даде, рече Дејановиќ.

Таа додаде дека веќе постојат слични ситуации, познато е дека постои морфиумска зависност, но дека морфиумот се користи и како лек бидејќи ја ублажува болката и ја подобрува душевната состојба на многу тешко болните пациенти.
Пред повеќе од еден месец и американскиот претседател Барак Обама отворено се приклучи на движењето за легализирање на марихуаната, со констатации дека е помалку штетна од алкохолот и од цигарите. Од почетокот на годинава две американски сојузни држави, Вашингтон и Колорадо, дозволија продажба на марихуаната во одобрени продавници.
Дваесетина американски држави дозволуваат користење на марихуаната и за медицински потреби и тоа на лица што ќе приложат лекарска потврда дека имаат болки што би се ублажиле со користењето на оваа дрога.
Соња Стојановска