Ципрас викендов на средби за името со државно- политичкиот врв во Грција

18.05.2018 13:33

Според грчки владини извори, Ципрас по средбата со Заев, има намера да ги извести грчкиот претседател и лидерите на политичките партии за најновите детали од разговорите за името.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас викендов ќе брифира за разговорот со премиерот Зоран Заев за името, што се одржа на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија.

Според грчки владини извори, Ципрас по средбата со Заев, има намера да ги извести грчкиот претседател и лидерите на политичките партии за најновите детали од разговорите за името.

Атина не отстапува од нејзиниот став за решение за името за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав, како услови за постигнување на конечен договор за решавање на долгогодишниот билатерален спор.