Здравство

Воведена нова метода на Клиниката за гастроентерохепатологија

18.05.2018 14:21

Наместо на хирургија, полипи и тумори на дебело црево и на желудник на осумина пациенти им беа остранети на Клиниката за гастроентерохепатологија. Нова метода таканаречена „Воден нож“, ја изведоа наши доктори, со поддршка на лекар од Германија. Млазот вода во текот на интервенцијата овозможува полесно да се видат крвните садови, што ја прави операцијата побезбедна. Пациентите на кои им е изведена процедурата ќе останат еден ден во клиника.

Наместо со хируршка интервенција, карцином и полипи на дебелото црево и на желудникот на осуммина пациенти им беа отстранети со новата метода наречена „воден нож“. Интервенцијата првпат се изведува кај нас, но и во регионот. Лекарите велат, водениот нож овозможува полесно да се видат крвните садови, доколку има крварење веднаш да се интервенира. Пациентите на кои им се изврши операцијата ќе останат еден ден во болница.

„Тој овозможува тие полипи да се подигнат, да се засече првиот слој на лигавицата, да се издвои цревото од мускулот кој е безбеден за пациентот, да не се дупне цревото и да се извади полипот“, изјави д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за ентерохепатологија.

Интервенцијата ја изврши македонски тим на лекари, со поддршка од доктор Ајкоф од Клиниката Ханау во Германија.

„Целта беше да ги донесеме практиките на минимално инвазивната интервенција со воден нож. Новата техника остава мали лузни. Ова е иднината на ендоскопијата и иднината на лекување на ваков тип на тумори“, вели проф. д-р Аксел Ајкоф, шеф на Ендоскопија во Клиниката Ханау – Германија.

Овој апарат го нема во Клиниката за гастроентерохепатологија, лекарите повторно ќе оперираат пациенти со новата метода за три месеци.

 

Андријана Атанасовска