Шесте прилепски музеи отворени за „Ноќта на музеите“
Приелпскиот музеј ширум ги отвора вратите на шесте музеи за „Ноќта на музеите“ по повод Светскиот ден на музеите, 18 -ти мај. Посетеноста мора да се зголемува, младите од македоските училишта во програмите да ги имаат посетите на македонските музеи кои со безберното кутурно богатство мора да и се доближат на јавноста. Историчарот Рубин Белчески е прогласен за музејски работник на годината во Македонија...

Музеите мора да ѝ се доближат на јавноста и поинтензивно да го претстават културното богатство што го поседуваме, констатираат во Прилепскиот завод и музеј. По повод светскиот ден на музеите, институцијта утревечер, па се по полноќ, бесплатно ќе им ги отвори вратите на шесте музеи: Музејот „11 Октовмри“, Музејот за тутун, Галеријата на икони, Археолошката поставка и спомен куќите на Блаже Конески во Небрегово и онаа на Кузман Јосифоски Питу. Посетеноста последниве години опаѓа и мора да се преземат конкретни чекори.
Одржувањето на музетите и заштитата на културното наследство се приоритет. Најпосетениот од домашните и странски гости, Музејот за тутун, треба да се премести во центарот на Прилеп, ќе се препокрива родната куќа на Блаже Конески зашто протекува, и ќе се раскине договорот со изведувачот за споменикот „Илинден“ во Крушево поради неквалитет и пробивање на роковите
Историчарот-кустос, советник Рубин Белчески ја понесе наградата на ИКОМ за музејски работик на годината на Македонија. Белчески лани во повеќе градови ј претстави изложбата „Ченто - биографија низ фотографија“.
Се подготвуваат и проектите за заштита на црквата, трпезаријата и магерницата во Трескавец чии конаци може да бидат обновени до крајот на годинава.
Елизабета Митреска
