САД

Џина Хаспел- прва жена директор на ЦИА

18.05.2018 14:29

Хаспел доби голема поддршка од поранешни членови на ЦИА, дипломати и воени лица кои ја следеле нејзината работа со децении.

Со 54 од можните 99 гласа во сенатот, џина хаспел е изгласана за прва жена директор на ЦИА. За лидерот на мнозинството во ова владино тело Мич Мекконел, изборот е направен во вистинско време.

Хаспел доби голема поддршка од поранешни членови на ЦИА, дипломати и воени лица кои ја следеле нејзината работа со децении.

Нејзината кандидатура беше оспорувана поради поврзаноста со методите на испрашување на осомничени лица со техника на симулирано давење.