Страдање на Премиер лигашите во Европа
И Манчестер Јунајтед заринка! Исто како Арсенал и Манчестер Сити, една недела порано!

Надиграни, посрамотени „црвените ѓаволи“ се враќаат од Пиреја. Паника е на Олд Трафорд по поразот од Олимпијакос со 2:0!.Лигата на шампионите е последниот натпреварувачки колосек на кој Манчестер јунајтед ја гледа шанасата за спас на сезоната. Бидејки, веќе е елиминиран во домашните купови, а во Премиер лигата е далеку од местата кои водат во наредната сезона во Европа.Сликата на немоќ Манчестер Јунајтед се повтори и во Атина. Наместо решителност во битката за преживување, ново тетеравење на фудбалскиот џин со малку шанси да се крене.
Манчестер јунајтед беше само продолжение на страдањето на Премиер лигашите.Тоа започна минатата недела со отворањето на нокаут фазата од Лигата на шампионите. Арсенал на „Емирати“ изгледаше бедно против Баерн од Михен, кој можеше нерамноправното надигрување да го заврши многу поуверливо од завршните 2:0. Манчестер Сити влезе амбициозно во дуелот со Барселона, но брзо падна на колена пред разиграниот каталонски состав, без трунка надеж дефицитарните 0:2 да ги достигне на Ноу Камп.
Три истрчувања,три пати со ист епилог-порази од 0:2, извесна елиминација е наглото менување на сликата за можностите на Премиер лигашите!
Може ли вечер Челзи од Босфор да испрати малку светлина во ова целосно анлиско „затемнување“? Не, без „дозвола“ на амбициозниот домаќин Галатасарај! Жозе Мурињо е свесен за фудбалскиот пекол со кој Челзи ќе се соочи, за силата на турскиот првак во ваквите мечеви, за можностите на некогашните негови ученици Дидие Дрогба и Весли Снајдер. Тешка е мисијата и на Челзи!
