Метео: Променливо време за викендот
18.05.2018 15:00
Во недела се очекува сончево претежно стабилно и потопло време со максимална температура до 30 степени. Послаби врнежи се можни кон крајот на денот во јужните делови од земјата.

Првиот ден од викендот ќе ни донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Во недела се очекува сончево претежно стабилно и потопло време со максимална температура до 30 степени. Послаби врнежи се можни кон крајот на денот во јужните делови од земјата.
Од понеделник повторно следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд во попладневните часови.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
