ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ без став за предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ
СДСМ и коалицијата вчера рекоа дека позитивно гледаат на новиот предлог, но на кординација в понеделник ќе го разгледаат. Од пратеничката група посочија дека станува збор за докажан експерт и професионалец во својата област.

ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ сѐ уште без став, ќе го поддржат ли предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, Анита Бежовска да биде нов гувернер на Народната банка. Од двете парии велат- откако ќе дебатираат партиските тела, ќе се изјаснат официјално за новиот предлог за прв човек на Централната банка.
СДСМ и коалицијата вчера рекоа дека позитивно гледаат на новиот предлог, но на кординација в понеделник ќе го разгледаат. Од пратеничката група посочија дека станува збор за докажан експерт и професионалец во својата област.
Мандатот на актуелниот гувернер Богов завршува на 21-ви мај. Се очекува следната недела предлогот Анита Бежовска да застане на чело на Централната банка да се најде на собраниска седница. Таа осум години е вицегувернер во оваа институција.
