Комисија за финансии и буџет

Разлики меѓу власта и опозицијата за акцизите

18.05.2018 16:18

ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на акцизите за да им се олесни на граѓаните и стопанството. Финансии со став- тоа ќе има негативно влијание врз буџетот и животната средина...

Да се намали акцизата на дизелот и на црвената нафта за три денари, да се врати старата цена, зголемувањето е огромно оптоварување за граѓаните кои даваат пари за гориво. Со овој став во Собраниската комисија за финансирање и буџет ВМРО-ДПМНЕ побара законски корекции. Ја обвинија власта дека без анализи во услови кога цената на нафтата постојано расте на светските берзи ја зголемила акцизата. Велат, над 30 милиони евра ќе бидат директните штети во индустријата и транспортот.

За власта предлогот е неприфатлив, од Финансии велат намалувањето на акцизата ќе удри по буџетските приходи и животната средина.

Оваа Влада покажува дека нема усогласен концепт за водење на даночната политика, зголемувањето ниту ќе го намали загадувањето, ниту пак екстра приходите во буџетот- твдрдат пратениците од опозицијата. Според народните избраници од СДСМ, покачувањњто на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните.

Предлог законските корекции за намалување на акцизата од пратениците на ВМРО- ДПМНЕ не го минаа филтерот во првото читање на Комисијата за финансирање и буџет. Ќе се најдат пред нардоните избраници на пленарна седница.

 

Сузана Фиданска- Стоевска