Николас Мадуро реизбран за претседател
По објавувањето на резултатот, поддржувачите на Мадуро победата ја прославија со латино танци околу Претседателската палата во центарот на Каракас.

Со освоени над 5,8 милиони гласови, досегашниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро е резибран за претседател на оваа јужноамериканска држава. Неговиот главен противник Енри Фалкон доби поддршка од 1,8 милиони гласачи на изборот чијшто одзив достигна 46,1 процент. По објавувањето на резултатот, поддржувачите на Мадуро победата ја прославија со латино танци околу Претседателската палата во центарот на Каракас.
„Им велам на сите да се смират. Не знам дали ќе ме сфатат, но треба да се смират. Разберете дека Венецуела е гаранција за политичката стабилност во карипскиот регион на Јужна Америка“, изјави претседателот на Венецуела, Мадуро.
Опозицијата повика на бојкот на изборите и ја обвини владата за вршење притисок врз гласачите.
„Ние не го признаваме овој изборен процес, за нас избори немаше. Во Венецуела треба да бидат организирани нови избори. Ние сме подготвени да учествуваме без нерегуларности, без потпомагано гласање, без уцена. Така се гради демократија и алтернатива која им дозволува на луѓето да си заминат од оваа состојба на неизвесност, мизерија и трагедија“, вели Енри Фалкон.
Изборите во Венецуела се нелигитимни и за САД; ЕУ и многу латиноамерикански земји.
