Дипломатија

Во Њујорк нова рудна преговори за името

21.05.2018 10:23

Средбата е од исклучителна важност, многумина ја сметаат како клучна, со оглед на тоа што по обновените преговори за 25-годишниот спор, премиерите на двете земји на втората тет-а-тет средба, прв пат дошле до некое решение што би можело да биде прифатливо за двете страни.

В четврток и в петок во Њујорк, шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција ќе имаат нова средба со медијаторот Метју Нимиц, откако викендов премиерот Зоран Заев по лидерската средба го обелодени предлогот „Република Илинденска Македонија“, за кој било разговарано на преговорите во Софија.

Средбата е од исклучителна важност, многумина ја сметаат како клучна, со оглед на тоа што по обновените преговори за 25-годишниот спор, премиерите на двете земји на втората тет-а-тет средба, прв пат дошле до некое решение што би можело да биде прифатливо за двете страни.

Сепак, кабинетот на Ципрас излезе со став дека грчката страна бара временска или географска одредница.