Пенс и Ципрас телефонски разговарале за преговорите за името на Република Македонија

21.05.2018 10:29

Според соопштението, Пенс му се заблагодарил на Ципрас за покажаното лидерство, заедно со она на македонскиот премиер Зоран Заев, во нивниот обид да го решат деценискиот спор за името на Македонија.

Американскиот потпретседател Мајкл Пенс и грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Според соопштението, Пенс му се заблагодарил на Ципрас за покажаното лидерство, заедно со она на македонскиот премиер Зоран Заев, во нивниот обид да го решат деценискиот спор за името на Македонија.

Потпретседателот го охрабри премиерот Ципрас да продолжи да работи со премиерот Заев за заемно прифатливо решение. Решавањето на овој спор ќе помогне за стабилноста и мирот во регионот, стои во објавата.

Во соопштението се нагласува и дека Пенс и Ципрас се согласиле дека пред Атина и Скопје се отвора историска можност да го решат ова прашање и дека времето е од големо значење.