Пресуда за „Поткуп“, ново рочиште за „Титаник“
Заев очекува ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.

Се очекува Кривичниот суд Скопје денеска да ја објави пресудата за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.
Заев очекува ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.
Во Кривичниот суд за денеска исто така е закажано ново рочиште за предметот „Титаник“, кој е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство.
Обвинителите на СЈО на минатото рочиште побараа од судот да им се конфискува имот на обвинетите Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34,9 милиони денари.
Според СЈО, за време на изборите во 2011-та, 2013-та и 2014-та година, тие, заедно со уште 19 лица незаконски прибирале средства за партијата на која и припаѓаат.
