69 години од основањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

21.05.2018 10:37

По повод јубилеот, ќе се одржи молебен посветен на браќата Кирил и Методиј, со кој ќе чиноначалствува г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски, по што ќе следува положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска одбележува 69 години од основањето. По повод јубилеот, ќе се одржи молебен посветен на браќата Кирил и Методиј, со кој ќе чиноначалствува г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски, по што ќе следува положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј. Ќе се додеи и звањето посечен професор на Универзитетот.

Вечерва во Македонската филхармонија ќе се одржи Свечена академија, на која ќе се обратат ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски и премиерот Зоран Заев.