Македонски алпинист почина во обид да го освои Монт Еверест

21.05.2018 10:41

Информацијата ја објавил сајтот „Хималајн“, а потоа и планинарското друштво „Кожув“. Во тек се активности за спуштање на телото.

Во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест, почина 63-годишниот македонски планинар Георги Петков од Гевгелија. Според првичните информации, тој починал од срцев удар.

Информацијата ја објавил сајтот „Хималајн“, а потоа и планинарското друштво „Кожув“. Во тек се активности за спуштање на телото.

Доктор Георги Петков заминал кон Хималаите во март годинава, а според планот требало до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот македонец што го освоил врвот.