Промоција на Стратегијата за образование за 2018- 2025

21.05.2018 10:43

Подготвена е со поддршка од Европската унија, преку реализација на ИПА проектот техничка помош за подготовка на сеопфатна стратегија за образование 2016 – 2020.

Министерството за образование и наука ќе ја промовира стратегијата за образование за 2018- 2025 година и нејзиниот акциски план. Подготвена е со поддршка од Европската унија, преку реализација на ИПА проектот техничка помош за подготовка на сеопфатна стратегија за образование 2016 – 2020.

На промоцијата ќе се обратат евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерката за образование и наука Рената Дескоска. Претходно, Владата ја усвои стратегијата, а работната верзија беше дискутирана и во Собранието.