Хаваи: Вулканската лава во океанот создава штетни гасови

21.05.2018 10:45

Речиси две недели се ослободуваат опасни гасови, а текот на лавата уништи многу домови и го принуди локалното население на евакуација.

Лавата од вулканот Килауеа на Хаваите што се влева во Тихиот Океан е опасна за здравјето на белите дробови, кожата и на очите, предупредија локалните власти.

Речиси две недели се ослободуваат опасни гасови, а текот на лавата уништи многу домови и го принуди локалното население на евакуација.

Растопените камења продолжуваат да нанесуваат штета на Големиот Остров.