Kукан: Не се прашува само Макрон за проширувањето на ЕУ
Мораме да бидеме одговорни кон нашите пријатели од Западен Балкан. Ако од една земја кандидат бараме да ги исполни условите, тогаш и ние треба да ги одржиме нашите ветувања, вели Кукан во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“.

Европската унија нема да биде целосна ниту обединета без така важен регион каков што е Западен Балкан, изјави претседателот на Комитетот на Европскиот парламент за соработка со Србија, Едуард Кукан.
Мораме да бидеме одговорни кон нашите пријатели од Западен Балкан. Ако од една земја кандидат бараме да ги исполни условите, тогаш и ние треба да ги одржиме нашите ветувања, вели Кукан во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“.
Според Кукан, ставот на францускиот претседател Макрон, да нема прием на нови членки во ЕУ сѐ додека таа не се реформира, претставува само еден од гласовите во Унијата.
