Црна Гора размислува за изградба на ограда на границата со Албанија
21.05.2018 12:24
Според службата за обезбедување на црногорската државна граница, земјата се соочува со значително зголемување на бројот на мигранти чијашто крајна цел се богатите земји на Европската унија.

Црна Гора ја разгледува можноста да постави ограда долж границата со Албанија за да ја запре илегалната миграција.
Според службата за обезбедување на црногорската државна граница, земјата се соочува со значително зголемување на бројот на мигранти чијашто крајна цел се богатите земји на Европската унија.
Потенцираа дека албанските власти постојано одбиваа да ги примат мигрантите вратени од Црна Гора и покрај постојниот билатерален договор за реадмисија.
