Со воведни зборови на одбраната почна рочиштето за „Титаник“
Адвокатот Дончо Наков рече дека ќе докажат оти обвинетите не се виновни и не се вршители на дејствијата наведени во обвинителниот акт.

Со воведни зборови на одбраната во Кривичниот суд- Скопје почна рочиштето за случајот „Титаник“, кој е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Во судница присуствуваат сите 21 обвинети во овој предмет.
Адвокатот Дончо Наков рече дека ќе докажат оти обвинетите не се виновни и не се вршители на дејствијата наведени во обвинителниот акт.
Во „Титаник“ се обвиненти поранешниот премиер Никола Груевски и 20 екс- функционери, кои што СЈО ги сомничи за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012-та.
