Милошоски: Комисијата за надворешна политика бара од МНР увид во списите за предлогот за името

21.05.2018 12:54

Пратеникот, кој доаѓа од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изрази надеж дека министерот Никола Димитров ќе ги испочитува пратениците.

Собраниската Комисија за надворешни работи побарала од Министерството за надворешени работи списи за предлогот за решение на спорот за името, што во саботата официјално го соопшти премиерот Зоран Заев - Република Илинденска Македонија, соопшти денеска претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски.

Пратеникот, кој доаѓа од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изрази надеж дека министерот Никола Димитров ќе ги испочитува пратениците.

Сите имаат сертификат за државна тајна, сите имаат одговорност кон државата како и тој- рече Милошоски додавајќи дека пратениците се подготвени документите да ги разгледаат на затворена седница доколку министерот за надворешни работи Никола Димитров одговори позитивно на нивното барање.

Искажувајќи лично мислење, тој кажа дека има контроверзи за овој предлог затоа што за него има различни ставови.

Ставот на премиерот Заев беше дека идентитеските прашања остануваат непроменети, како што се сега во ОН, додека вчера во едно интервју министерот за надворешни работи Димитров за јазикот кажа дека ќе биде македонски без превод, и гледаме дека или нема усогласеност или дека некој знае повеќе или дека нешто се крие од јавноста и затоа ценам дека е добро да имаме писмен предлог, рече Милошоски.