Давутоглу: Војната во Сирија е закана за сите земји
Војната во Сирија во моментов претставува закана за сите земји, бидејќи на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад и е дозволено да продолжи да извршува „злосторства“, додека џихадисти од целиот свет доаѓаат во земјата за да се борат против неа, изјавил турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Посочил дека е неопходна јасна меѓународна стратегија, која вклучува „вистинска соработка“ меѓу разузнавачките служби на различните земји и повлекување на сите странски борци со цел да биде прекинат конфликтот и да им се помогне на милионите Сиријци, кои ги трпат последиците од насилството.
- Проблемот поради војната во Сирија не е само на Турција, туку тоа е проблем на целиот регион - рекол Давутоглу.
Според него, Сирија прераснува во ризик за сите европски земји како поради присуството на терористички групи, така и поради тоталитарниот и автократски карактер на сирискиот режим.