Метео: Променливо облачно со сончеви периоди

21.05.2018 15:35

Максималната температура ќе достигне до 30 степени...

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне на места ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Врнежите ќе продолжат и во наредниот период со можни поинтензивни процеси во среда и четврток.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска