Образование

Претставена Стратегијата за образование 2018- 2025

21.05.2018 16:21

Претставен акцискиот план и стратегијата за образование за периодот од 2018-та до 2025-та. Во стратегијата се лоцирани клучните предизвици на македонскиот образовен систем, почнувајќи од градинките, училиштата, па сѐ до универзитетите. Документот содржи конкретни рокови, а е подготвен со финансиска поддршка на ЕУ...

Приспособување на наставните содржините во учебниците за потребите на пазарот на трудот, во нив ќе бидат опфатени мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција, инфраструктурата во училиштата- ова е дел од Стратегијата за образование 2018 – 2025. Професорите велат, само така ќе се креираат ученици на иднината.

Стратегијата е финансирана од Европската унија. Одредени делови се веќе реализирани, а дел се во фаза на имплементација. Целта е да го подобри образовниот систем уште од предучилишно образование. 

Владата ја усвои Стратегијата за образование 2018-2025 со акциски план на 31-ви јануари оваа година.

 

Андријана Атанасовска