Дескоска: Реформите во образованието ќе ги продолжи новиот министер

21.05.2018 16:42

Рече дека ќе остане во Владата и ќе продолжи со заложбите за реформи на сите нивоа...

Министерката за образование и наука Рената Дескоска го најави нејзиното заминување од ресорот. Рече дека ќе остане во Владата и ќе продолжи со заложбите за реформи на сите нивоа.

„Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме. Јас не се откажувам од реформите, бидејќи тоа се реформи на Владата. Не се лично мои или на било кој поединец. Како Влада ќе стоиме сите заедно и ќе даваме поддршка на реформите во сите области, вклучувајќи го и образованието“, рече Дескоска по промоцијата на Стратегијата за образование 2018-2025 во Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

Премиерот Заев утре во Собранието ќе ги достави предлозите за нови министри.