Иранското МНР изрази револт за најаваните санкции од Вашингтон

22.05.2018 10:20

Шефот на дипломатијата Џавад Зариф го прогласи за срамен говорот на неговиот американски колега Мајк Помпео кој ја претстави стратегијата на Белата куќа за ограничување на нуклеарната програма на Иран...

По осудата на иранскиот претседател Хасан Рохани за мешањето на САД во политиката на другите земји, и иранското МНР изрази револт од најавените ригорозни санкции од Вашингтон. Шефот на дипломатијата Џавад Зариф го прогласи за срамен говорот на неговиот американски колега Мајк Помпео кој ја претстави стратегијата на Белата куќа за ограничување на нуклеарната програма на Иран. Нагласи дека нови чекори се можни само доколку Техеран се подготви за огромни промени.

„Нуклеарната спогодба не го дистанцираше Иран од амбициите за развој на нуклеарниот сектор и за регионалната хегемонија. Лидерите го искористија како почетна точка за нивниот марш низ Блискиот исток. Ние ќе наметнеме финансиски притисок врз режимот, серија најстроги санкции во историјата. Иран веќе никогаш нема да има „карт бланш“ да доминира на Блискиот Исток“, изјави Помпео.

За Европската унија, говорот на Помпео не покажал како повлекувањето од спогодбата би ја зголемило безбедноста.