САД

Пенс: Северна Кореја може да заврши како Либија

22.05.2018 10:51

Можноста за употреба на „либискиот модел“ беше спомената и од советникот на национална одбрана Џон Болтон, но претседателот Трамп потенцираше дека судбината на Северна Кореја би била поинаква од либиската доколку лидерот од Пјонгјанг, Ким Јонг ун се согласи на ваква спогодба...

Потпретседателот на САД Мајк Пенс предупреди дека Северна Кореја може да заврши како Либија ако не склучи нуклеарен договор со Вашингтон.

Можноста за употреба на „либискиот модел“ беше спомената и од советникот на национална одбрана Џон Болтон, но претседателот Трамп потенцираше дека судбината на Северна Кореја би била поинаква од либиската доколку лидерот од Пјонгјанг, Ким Јонг ун се согласи на ваква спогодба.

Официјален Пјонгјанг ги осуди коментарите од Белата куќа чијашто администрација веќе не е убедена дали воопшто ќе се случи билатералната средба Ким-Трамп во Сингапур.