САД

Истрага за вмешаност на ФБИ во претседателската кампања од 2016-та

22.05.2018 11:48

Ќе се истражува евентуална манипулација за политички цели и налози од администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја обелодени конечната одлука за истрага од Одделот за правда за можно мешање на претставник на Федералното истражно биро во трката за Белата куќа пред две години.

Ќе се истражува евентуална манипулација за политички цели и налози од администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Според критичарите, заканата на Трамп е најсериозната интервенција во правниот систем по отпуштањето на директорот на ФБИ, Џејмс Коми.