Анита Ангеловска- Бежоска ја презеде функцијата гувернер на НБРМ

22.05.2018 13:13

Таа е прва жена на оваа позиција. Вети продолжување на монетарната политика на централна банка...

Анита Ангеловска- Бежоска ја презеде функцијата гувернер на Народна банка на Република Македонија. Таа е прва жена на оваа позиција. Вети продолжување на монетарната политика на централна банка.

„Пред мене стои предизвикот за продолжување на успешната и независна монетарна политика, во насока на исполнување на законски гарантираните цели на централната банка, а тоа се ценовната стабилност за којашто сметаме дека е најдобриот придонес која може да го даде на општеството, и тоа преку стратегијата на одржување на стабилен девизен курс на денарот, како и одржување на стабилноста на банкарскиот систем“, нагласи Ангеловска- Бежоска.

Досегашниот прв човек на Народна банка, Богов со отчет за сработеното.

Денарот не изгуби од конкурентност во однос на еврото, бидејќи инфлацијата за овие седум години од 1,5 проценти беше на слично ниво како во ЕУ од 1,2 проценти. Банкарскиот систем успешно се развиваше и растеше, така што активата и депозитите се зголемени за 50 проценти во однос на пред седум години, рече Богов.