Турција

Ердоган најави бојкот на Израел по изборите

22.05.2018 14:04

Официјална Анкара ги повика муслиманските земји да се обединат во одбрана на Палестинците...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе ги ревидира економските односи со Израел по претстојните избори на 24 јуни. Организацијата за исламска соработка веќе одлучи да воведе ембарго за израелските производи.

Официјална Анкара ги повика муслиманските земји да се обединат во одбрана на Палестинците. Ја осудија американската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел што ја сметаат за прва од многуте акции против исламскиот свет.