Енергетика

ЕЛЕМ бара да поевтини струјата

22.05.2018 16:06

ЕЛЕМ ќе побара од Регулаторната комисија намалување на цената на струјата за 1,5 проценти. Ова го најави првиот човек на Државни електрани, Драган Миновски. Намалени биле производствените трошоци на струјата која од ланскиот просек од 41 евро, слегле под 40 евра по произведен гигават час електрична енергија...

Менаџерскиот тим на Електрани на Македонија со барање до Регулаторната комисија цената на електричната енергија по мегачас да поевтини за 0,6 евра. Причина за ваквиот потег е постигнатата поевтина произведна цена од 1,5 проценти. Според првиот човек на ЕЛЕМ, кој како што вели е прилично задоволен од новиот Закон за енергетика, ова се должи на постигнатите финансиски резултати, домаќинското и одговорно работење, оптималното искуристување на капацитетите, како и некои други важни параметри.

„Важна алка беше и продажбата на вишокот на енергија по одлична цена, па така очекувам да биде и во периодот што следи. Сето тоа овозможи АД ЕЛЕМ во барањето за максималниот регулиран приход за 2018 година до Регулаторната комисија да побара за АД ЕЛЕМ намалување на цената за 1,5 проценти. Се надевам дека и другите енергетски компании ќе нѐ следат и сето тоа ќе има ефекти за граѓаните“, вели Драган Миновски, генерален директор на ЕЛЕМ.

Од ЕЛЕМ задоволни се што годинава навреме започнаа ремонтните зафати во РЕК Битола. Инвестицијата е во висина од дест милиони евра.

„Во претходниот перид од минатото раководство беа испуштени овие ремонти, затоа ние предвидовме капитален ремонт на првиот блок и редовни ремонти на останатите два блока“, вели директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски.

Капиталниот ремонт на првиот блок започна пред две недели, а сите три ремонтирани блока во функција ќе бидт ставени на почетокот од октомври. Инаку на депонијата во моментов има околу 280.000 тони јаглен, кои гарантираат непречено функционирање и основа за зголемено производство според енергетскиот план за овој дел од годината.

Стевче Митревски