Нов состав на Владата до крајот на месецов
Премиерот Заев вчера до Собранието го достави предлогот за владината реконструкција. Имињата се утврдени. Се очекува до крајот на месецов, Парламентот да ги изгласа новите персонални решенија. Според последните информации, СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата што се под нивно раководство.

Собранието вчера доцна попладне го прими предлогот за нови министри на Владата. Се очекува, седницата за реконструкција на Владата да се одржи до 1-ви јуни.
Според последните информации, министерката за образование Дескоска ќе ротира во ресорот правда, а пак, нејзиниот актуелен заменик Арбр Адеми ќе седне на министерското столче. Негов заменик ќе биде пратеникот Петар Атанасов.
Новиот коалициски партнер БЕСА на Африм Гаши го доби Министерството за култура, го предложија Асаф Адеми, но и две заменички места во труд и социјала и неофицијално во надворешни работи.
ДПА за министер без ресор, задолжен за странски инвестиции го предлага Бардуљ Даути, а за заменик- министер во транспорт и врски, Мусадик Беќири.
