Денеска пресуда за случајот „Тенк“
Обвинетиот експремиер во завршен збор наведе дека овие судски процеси се класично политички и ова судење е дел од една политичка хајка против него и неговите соработници.

Во Кривичниот суд- Скопје ќе биде објавена пресудата за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. СЈО на последното рочиште, во завршните зборови за предметот, побара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник- министер во МВР, Ѓоко Поповски, како и да ги платат судските трошоци во висина од 313 илјади денари.
Обвинетиот експремиер во завршен збор наведе дека овие судски процеси се класично политички и ова судење е дел од една политичка хајка против него и неговите соработници.
Посочи дека барањето за набавка на ново блиндирано возило доаѓало од укажувањата на сите засегнати и запознаени професионалци со состојбата и условите на безбедносните возила што ги поседувала Република Македонија.
